ЦРНОГОРСКИОТ АКТЕР АНДРИЈА МИЛОШЕВИЌ ГОСТУВА ВО СКОПЈЕ СО КОМЕДИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Црногорскиот актер Андрија Милошевиќ со комедијата „Одам по патот па го гушкам дрвото“ ќе гостува во Националната опера и балет на 3 февруари од 20 часот во организација на „Јес продукција“.
Претставата е комична приказна за еден син и неговата мајка која ја бара вистинската жена за него.
Текстот го напиша Миодраг Караџиќ, а режисер е Јана Маричиќ. Претставата премиерно беше изведена во 2019 година и стана популарна во целиот регион.