„УБАВЕЦОТ ДРАГЧЕ“ НА БОСАНЕЦОТ МУРАНОВИЌ ПОБЕДИ НА СТРИП САЛОНОТ ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ.СДК.МК)

Стрипот „Убавецот Драгче“ на Сабахудин Мурановиќ од БиХ е победник на 18. Меѓународен стрип салон, кој го организираше Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес.

Тој е добитник на „Златен стрип“ од Салонот како и на парична награда. На конкурсот биле пријавени 161 стрип од триесетина држави. Второто место го поделија Дамир Чиврак (сценарио), Жељко Иванчиќ (цртеж), Ненад Бариниќ (колор) за стрипот „Имигранти“ и Дарко Богданов и Александар Стеванов за стрипот „Балада за мојот непријател“ додека третотa награда ја освои Даша Конопатова од Русија за „Боите на Брисел“ и авторите Предраг Ѓуриќ (сценарио ) и Звонимир Видиќ (цртеж) за стрипот „Штајнеров крај“.

Плакатот за Стрип салонот

Истовремено во Велес се одржа и трета меѓународна стрип колонија на која учествуваа млади стрип автори. Тие работеа во куќата на Касапови.

П. ПЕЧКОВ