УМЕТНИКОТ ГОЦЕ НАНЕВСКИ И МУЗИЧАРОТ ДОРИАН ЈОВАНОВИЌ СО ЗАЕДНИЧКА ИЗЛОЖБА ВО ЧИФТЕ АМАМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На работ“ е насловена заедничката изложба на уметникот Гоце Наневски и музичарот Дориан Јовановиќ, што утре (10 септември) ќе се отвори во Чифте амам во Скопје. Изложбата е опишана како трансмедијален и трансдисциплинарен проект кој содржи повеќе просторни сегменти изведени во разновидни техники и медиуми, како инсталации, видеопроекции и вокален перформанс.

Наневски и Јовановиќ спроведуваат социјален конструктивизам, кој се користи во социологијата и според кој, реалноста не е вродена, туку општествено конструирана преку јазикот, симболите и споделените значења. Оттука, преку својот проект ‘На работ‘ тие ги конструираат, деконструираат или реконструираат општествените реалности“, стои во најавата на изложбата.

Изложбата ќе трае до 27 септември.