УНЕСКО ГИ ИЗБРА ДЕСЕТТЕ ПАМЕТНИ ГРАДОВИ ЗА 2020

Париз, (Гардијан)

Поврзани, иновативни, креативни, инклузивни, прилагодливи и, најважно од сѐ, посветено одржливи, УНЕСКО ја објави листата градови кои ќе ја понесат титулата „паметни градови за 2020“.

По повод Светскиот ден на градовите, што УНЕСКО го одбележува на 31 октомври, беа избрани „10 градови на иднината“, кои се истакнуваат со својот развој во одредена област. Тие ќе го примат признанието „Netexplo Smart Cities 2020“ на форум што ќе се одржи на 18/19 март.

Победници за 2020 се:

  • Остин (САД) – мобилност
  • Дакар (Сенегал) – образование
  • Еспо (Финска) – технологија
  • Меделин (Колумбија) – привлечност
  • Шенџен (Кина) – транспорт
  • Сантјаго (Чиле) – финансии
  • Сингапур – нулта стапка на емисија на штетни гасови
  • Сурат (Индија) – отпорност
  • Талин (Естонија) – дигитална трансформација
  • Виена (Австрија) – домување

Меѓу добитниците се проектот на виртуелен универзитет во Сенегал, Меделин кој во една своја област развива иновации на полето на енергија и јавно здравје и мобилниот систем за контрола на води и за рециклирање на отпадни води во Сурат.