Полицијата на Њујорк потврди дека маж упаднал во куќата на Тејлор Свифт и таму си поспал.

Тој бил идентификуван како 22-годишниот Роџер Алварадо, кој провалил во куќата на поп-ѕвездата во населбата Трајбека, каде што полицијата, по дојава, го затекнала како спие.

Алварадо, кој, инаку, е од Флорида, бил уапсен за следење, провала, криминално однесување и за упад на приватен имот. Тој не само што поспал во куќата, туку, како што објави сајтот ТМЗ, и се истуширал.

Тој бил уапсен на истата адреса и на 13 февруари, кога со лопата ја скршил предната врата.

Свифт не била во куќата при последниот упад.

Една од најпродаваните американски пејачки си има проблем со манијакални фанови на двете страни од државата. На 14 април, маж од Колорадо бил уапсен пред нејзината куќа во Беверли Хилс, при што, кај него биле пронајдени нож, јаже и муниција.