ПЕТ МИТОВИ ЗА ПРВАТА ПОМОШ

Лондон, (Би-Би-Си)

Добивањето прва помош може да значи разлика меѓу живот и смрт. Но како што учиме за човековото тело и како тоа реагира, низ годините советите драстично се менуваат, односно она што сме го научиле во минатото може во сегашно време да е надминато.

Мит број 1: Ставете путер врз изгореница

Ова е народно верување кое кружи со векови. Тоа дури било препорачано и кога е измислена првата помош од прускиот хирург генералот Фридрих Фон Есмерах.

Секоја нова изгореница изложена на воздух е неверојатно болна. Покривањето на изгореното место со ладна супстанца, како што е путерот ќе ја намали болката за одредено време. Но, болката ќе се врати многу брзо, и затворањето на доток на кислород пред да се олади изгореното место може да ја задржи топлината, што значи дека кожата продолжува да гори.

За повеќето изгореници важи општиот совет да се тргне целата облека и накит кои ја допираат изгорената кожа, а потоа изгореницата да се стави под протечна вода од чешма дури и подолго отколку што мислите, најмалку 20 минути. Ова превенира понатамошно горење на кожата, со тоа што помага да се вкочани изгореното место.

Штом изгореницата е вистински изладена може да ја покриете со чиста ткаенина, фластер или пластична кеса за да спречите да се инфицира.

Само во еден случај на изгореница путерот може да биде корисен, а тоа е ако на кожата ви падне врел катран. Путерот може да помогне да се отсрани нечитотијата од катранот и да ја намали болката.

Мит број 2: Компресија на градите на некој кому му е непотребна може повеќе да наштети

Ако некој има срцев напад, главен предуслов за да преживее е дали некој ќе ми направи кардио-пуломонална реанипација (КПР) пред да стигне медицинската екипа.

Ако одите на курс за прва помош ќе научите да ги гледате градите и да ја ставите вашата глава на човекот кому му треба помош за поблиску да го чуете дали дише. Ако нема знак дека лицето дише, треба да побарате итна помош и веднаш да почнете со кардио-пулмонална реанимација.

Инструкторите за прва помош исто така ќе ви кажат дека и да не сте сигурни дали некој дише или не нормално, сепак треба да продолжите со реанимација.

Иако овој совет го добиваат, многу луѓе не се подготвени да дадат ваква реанимација, бидејќи се плашат да не направат поголема штета отколку добро.

За повеќето изгореници важи општиот совет да се тргне целата облека и накит кои ја допираат изгорената кожа, а потоа изгореницата да се стави под протечна вода од чешма дури и подолго отколку што мислите, најмалку 20 минути

Студија е спроведена во Јокохама, во вториот најголем јапонски град, во случаи кога минувачи даваат кардио-пулмонална реанимација за да откријат дали непотребна реанимација може да ги стави пациентите во поголем ризик. За време на студијата минувачи направиле реанимација на 910 пациенти. Од нив само 26 немале срцев удар. Од тие 26, само кај тројца кардио-пулмоналната реанимација предизвикала компликации, кои вклучувале минорни фрактури на ребрата, но ниту една од тие компликации не биле сериозни.

Авторите закулучиле дека луѓето не треба да се плашат да дадат реанимација, дури и кога не се сигурни што всушност се случува. Тоа може да спаси живот.

Мит број 3: За да направите кардио-пулмонарна реанимација, треба да дадете уста на уста во исто време додека правите компресија на градите

Протоколите за ова се менуваа во однос на ова правило во последната деценија. Стандардната реанимација вклучуваше наизменични 15 брзи компресии, со две вдишувања во устата на пациентот. Потоа беше откриено дека две вдишувања по секои 30 компресии е сосем ефективно. Ова стана стандарден совет.
Има подобрување од 22 отсто во стапката на преживување во случаи кога минувачи прават само компресија на градите, наместо компинација на компресија и вдишување.

Потоа се јави идејата дека може да се прави кардио-пулмонарна компресија без вдишувања. Ова резултираше со помалку паузи и даде можност за повеќе компресии за да се движи крвта кон мозокот. Три раслични истражувања покажаа дека маргинални разлики меѓу двата метода.

Но кога резултатите од овие студии беа комбинирани и повторно анализирани дојдоа до заклучок дека има 22 отсто подобрување во стапката на преживување од прва помош дадена од минувачи водени од диспечери на Итна помош по телефон и при тоа правеле само компресии на градите. Овие резултати не се однесуваат на деца и на давеници, каде вдишувања се уште се препорачуваат.

Мит број4: Не треба да му дадете шок со дефибрилатор на некој, ако не сте сигурни дека му запрело срцето

Ова е голем мит. Дефибрилаторите, кои се чуваат на јавни места, како што се железнички станици, се дизајнирани така за секој да може да ги користи. Вие не треба да се грижите дали лицето без свест ќе има корист од шокот со дефибрилатор за да му се врати срцевиот ритам. Машината тоа сама го прави, односно таа пресметува што е потребно. Ако шок не е потребен, таа нема да го вклучи тој дел.

Дефибрилаторот сам пресметува дали некому му е потребен шок или не (Фото: Гети)

Истражувањето во САД покажа дека стапката на преживување е двојно зголемена ако во јавноста има пристап до дфибрилатори, место давање само кардио-пулмонарна реанимација. Но, нивната употреба надвор од болниците е многу мала. Луѓето одбиваат да ги користат. Истражувањето на Кристофер Смит од медицинското училиште Вервик од 2017 година покажа дека голем број од јавноста не знае што се овие машини, каде да ги најде или како да ги користи. Некои луѓе се плашат да ги употребат за да не направат повеќе штета од корист.

Мит број 5: Нвалете ја главата назад за да запрете крварење на ностот

Ова е многу стар совет, но може да се случи пациентот да ја голтне крвта или да се загуши во неа, додека продолжува крварењето. Мессто тоа најдобро е за да се запре крварењето да се направи притисок на мекиот дел од носот, и потпирање нанапред во рок од 10 минути. Ако крварењето не престане за половина час, барајте медицински совет.