УШТЕ ТРИ ЖРТВИ НА КОВИД-19 ВО ЗЕМЈАТА, ПОЧНА 85-ЧАСОВНАТА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Уште три пациенти починаа од последиците на коронавирусот, додека во Македонија почна најдолгата општа забрана за движење досега.

  • Бројот на смртни случаи од КОВИД-19 во земјата порасна на 49.
  • Две возрасни жени од Куманово и Крушево и пациент од Лабуништа се трите последни регистрирани жртви на коронавирусот.
  • Потврдени се и 36 нови случаи на зараза, што е тројно помалку во споредба со вчера.
  • Во Македонија досега има 1.117 заразени со коронавирус, од кои 139 заздравиле.
  • Од 16 часот, на сила е една од најригорозните рестриктивни мерки на светот откако трае пандемијата.
  • Општата забрана за движење ќе опфати пет дена, ќе трае вкупно 85 часови, сѐ до пет часот наутро во вторник.
  • На светско ниво досега има повеќе од 2,2 милиона заразени и е надмината бројката од 150.000 починати од КОВИД-19.