Делови од светот денеска ќе сведочат на последното целосно помрачување на Месечината во следните три години. Македонија и Европа овојпат ќе бидат изоставени од спектаклот.
Целосното помрачување ќе биде видливо низ Северна и Средна Америка, делови од Јужна Америка, како и во Азија, Австралија и Пацификот и ќе трае речиси 90 минути, кога Земјата ќе поминува точно меѓу Сонцето и Месечината.
Африка, Блиски Исток и Европа ќе мора да почекаат до 14 март 2025, кога ќе се случи следното целосно помрачување. Во меѓувреме ќе има мноштво делумни помрачувања.
Ова ќе биде второ целосно помрачување на Месечината оваа година, по она во мај.
(Фото: АП)