УТРЕ СЕ ОЛЕСНУВА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС, НО И ЌЕ МОРА ДА СЕ НОСИ МАСКА НАДВОР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Владата донесе одлука за задолжително носење маска, паралелно со олеснувањето на полицискиот час, што ќе почне да се применува од утре, додека уште 48 лица заздравиле од коронавирусот.

  • Педесет и едногодишен скопјанец е 56. жртва на коронавирусот во Македонија.
  • Во земјата има и 28 нови случаи, од кои 11 во Скопје, девет во Прилеп, три во Велес, по два во Тетово и Куманово и еден во Валандово, прв во овој град досега.
  • Вкупната бројка заразени досега изнесува 1.259.
  • Министерството за здравство објави дека уште 48 лица заздравиле од коронавирусот, а вкупно 272.
  • Олеснувањето на општата забрана за движење утре ќе стапи на сила.
  • Во работните денови, таа ќе трае од 19 до пет часот, а за викенди ќе почнува во сабота во 15 часот и ќе важи до понеделник во пет часот.
  • Лицата над 67 години ќе смеат да излегуваат од пет до 12 часот, а малолетниците од 13 до 19 часот.
  • Од утре ќе биде задолжително да се носи заштитна маска, шал или марама кога се излегува надвор.
  • Маска не мора да се носи во сопствениот двор, ако се вози велосипед, спортува и во автомобил со членови на семејството.
  • На светско ниво досега има речиси 2,6 милиони заразени и над 181.000 починати.