УТРЕ СЕ ОТВОРА ПРВИОТ СКОПСКИ ФЕСТИВАЛ НА КНИГАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Првиот скопски Фестивал на книгата почнува утре пред салата „Борис Трајковски“ и ќе трае до 12 септември.

Скопје чита!” е мотото на фестивалот, а организаторите ветуваат дека посетителите ќе уживаат во богата понуда. Ќе се претстават 30-ина издавачки куќи со дела од домашни и странски автори, стручна, научна и белетристичка литература и со книги за млади и деца.

Фестивалот ќе биде отворен од десет до 20:30 часот, а билетите се по цена од 50 денари.