ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР ПОЧНА ДА ЈА СПРЕМА ДЕТСКАТА ПРЕТСТАВА „МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ“

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ по неколку години пауза повторно работи на детска претстава. Изминатите денови започнаа подготовките за претставата „Мачорот во чизми“, работена според драматизација на Катерина Момева, во режија на Деан Дамјановски.

„Оваа театарска продукција е наменета за деца на возраст од четири до 12 години, а е работена по високо професионални креативни, кадровски и технички услови кои ги нуди сцената на театарот“, велат од Велешки театар.

Во претставата играат Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Самоил Стојановски, Кети Борисовска, Благојчо Стојанов, Зорица П. Панчиќ, Слободанка Чичевска и Весна Димитровска. Сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на песните и музиката е Сашко Костов.

П. ПЕЧКОВ