ВО АРГЕНТИНА ПРОНАЈДЕНИ НАЈСТАРИТЕ ПЕШТЕРСКИ ЦРТЕЖИ ВО ЈУЖНА АМЕРИКА

Аргентина, (Ројтерс)

Во аргентинскиот регион Патагонија се пронајдени најстарите пештерски цртежи во Јужна Америка, стари околу 8.500 години. Аргентински и чилеански археолози идентификуваа вкупно 895 цртежи во пештерата Хуенул 1, засолниште во карпа големо 630 квадратни метри.

„Успеавме да датираме четири црни шаблони во форма на гениталии кои биле нацртани со јаглен. Се покажаа дека ова е најраното директно датирање на пештерски слики во Јужна Америка“, изјави Гвадалупе Ромеро Виљанева, која го објави истражувањето во журналот „Напредна наука“.

Аргентинските археолози велат дека овие откритија навестуваат дека создавањето на пештерската уметност во оваа пештера почнало пред околу 8.000 години и дека практиката продолжила најмалку 3.000 години. Ова откритие исто дава дава докази за уметничката способност и за културната трансформација на древните општества на ловци-собирачи.

Виљанева изјави дека во Јужна Америка можеби има пештери и со постари цртежи, но чие датирање е релативно. Таков пример е Куева де лас Манос во Аргентина, чии цртежи наводно се стари 9.500 години.