ВО БЕРЛИНСКАТА ЗООЛОШКА УГИНА НАЈСТАРАТА ПОЛАРНА МЕЧКА ВО ЕВРОПА

Берлин, (ДПА)

Берлинската зоолошка градина нема веќе ниедна од своите славни поларни мечки откако Катјуша угина на 37-годишна возраст, една деценија по главната атракција Кнут. Катјуша беше најстарата поларна мечка во Европа и долго време имаше срцеви проблеми.

Поларните мечки вообичаено живеат меѓу 25 и 30 години.

„Што ќе правиме со живеалиштето на поларните мечки, ќе решиме во наредните недели“, соопшти зоолошката.

Катјуша беше родена во зоолошката градина во Карлсруе во 1984 и беше преселена во Берлин по една година. Таа немаше свои потомци.

Живееше заедно со Кнут, кој стана симбол на Берлин откако беше одгледан од чуварите по раѓањето во 2006. Тој беше една од најголемите ѕвезди во историјата на зоолошката и цела Германија беше во шок кога во 2011 угина ненадејно од мозочен проблем.