ПОЧИНА ЖАН-МАРК ВАЛЕ, РЕЖИСЕРОТ НА „БИЗНИС КЛУБ ДАЛАС“ И „ГОЛЕМИ МАЛИ ЛАГИ“

Лос Анџелес, (АП)

Канадскиот режисер Жан-Марк Вале, кој беше номиниран за оскар за „Бизнис клуб Далас“, почина на 58 години. Неговиот долгогодишен продуцент Нејтан Рос изјави дека тој починал ненадејно викендов во Квебек Сити.

„Сите кои работеа со него не беа рамнодушни пред неговите талент и визија. Тој се истакнуваше со своите креативност и автентичност“, изјави Рос.

Вале ја почнал кариерата како режисер на музички спотови, пред да се префрли во филмската индустрија. „Младата Викторија“ доби три номинации за оскар, но неговото најпознато дело е „Бизнис клуб Далас“, биографска приказна за активистот Род Вудруф, кој продавал експериментални лекови на заболени од сида во Тексас. Од шесте номинации за оскар, вклучувајќи за најдобар филм, наградени беа актерите Метју Меконахи и Џаред Лето.

Вале потоа ги режираше и наградуваните серии на Ејч-Би-О, „Големи мали лаги“ и „Остри предмети“, освојувајќи Еми во 2017.