Во Македонија во последните 24 часа се потврдени уште 18 случаи на коронавирус, со што бројката е во пад втор ден по ред. Вкупната бројка заразени сега изнесува 219, од кои три лица починаа и исто толку се излекувани.

Меѓу новозаразените нема жители на Дебар, кој беше прво жариште во земјава и министерот за здравство Венко Филипче вчера кажа дека градот ќе излезе од карантин во кој беше ставен пред две недели.

Новите 18 случаи се регистрирани во Скопје (11, вкупно 134 досега), Прилеп (4), Куманово (2) и Тетово (1).

На светско ниво сега има речиси 600.000 заразени, а починале повеќе од 26.500 луѓе.