ВО МКЦ СЕ ОТВОРА ХУМАНИТАРНАТА ИЗЛОЖБА „5 МИН ДО 12“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хуманитарна изложба симболично насловена „5 мин до 12“ ќе се отвори денеска во 11:55 часот во Младински културен центар во Скопје, по повод Меѓународниот ден на заштита на човекови права, што се одбележува денеска и Меѓународниот ден на УНИЦЕФ за заштита на децата (11 декември).

На настанот што го организира Центарот за помош, поддршка и застапување на притворени и осудени лица ќе бидат изложени и ќе се продаваат дела донирани од македонски сликари.

Собраните парични средства ќе се искористат за купување новогодишни подароци за деца чии родители се во притвор или на издржување казна затвор, но и за подобрување на условите во затворите.