ВО НОВАТА ПРЕТСТАВА „ДРАМА ЗА ПРИНЦЕЗИТЕ“ ВО РЕЖИЈА НА СЛОВЕНКАТА БИЗОВИЧАР ЌЕ ИГРААТ ОСУМ АКТЕРКИ ОД ДРАМСКИ ТЕАТАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Драмски театар во Скопје сезоната ја почнува со подготовка на претставата „Драма за принцезите“. Таа се работи по текстот „Девојката и смртта I-V“ на австриската писателка и драматург Елфиде Јелинек, добитничка на Нобеловата награда за литература во 2004.

Дел од екипата доаѓа од Словенија: режисерката Жива Бизовичар, драматургот Ник Жнидаршич и сценографот Јан Кремељ. Костимографијата е на македонскиот дизајнер Александар Ношпал. Младата режисерка Бизовичар замисли сите осум лика во претставата да се играат од женскиот дел на актерскиот ансамбл на Драмски театар.

Премиерата ќе се одржи во средината на ноември.