Во шкотскиот јазик има повеќе од 400 зборови и изрази за снег. Во проект на Универзитетот во Глазгов, научниците собрале 421 збор поврзан со снег, како snaw (снег), sneesl (да почне да снежи) и skelf (голема снегулка).
Истражувачите притоа ги повикале луѓето да им испраќаат нивни сопствени зборови.
Претходно се веруваше дека Ескимите имаат најмногу зборови за снег, но таа бројка е далеку помала во споредба со Шкотланѓаните – 50.
„Времето играло клучна улога во животот на Шкотланѓаните со векови. Бројот и разновидноста на зборовите покажуваат колку било важно за нашите предци да комуницираат за времето, кое многу влијаело врз нивните животи“, вели Сјузан Рени, професорка по англиски и шкотски јазик на Универзитетот во Глазгов.