Велешкиот театар премиерно ја изведе претставата „Мачорот во чизми“ според приказната на Шарл Перо. Драматург е Катерина Момева, а режијата на Деан Дамјановски.
Ова е прва детска претстава на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ по неколкугодишна пауза. Наменета е за деца од четири до 12 години, а финансирана е со средства на театарот.
Во претставата играат Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски, Кети Борисовска, Талија Настова, Самоил Стојановски, Благојчо Стојанов, Зорица Панчиќ, Весна Бобевски и Слободанка Чичевска. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Катерина Чукниева, кореографијата на Маја Каревски, а автор на музиката е Сашко Костов.
П. ПЕЧКОВ