Здружението за подобро воздухопловство „Авикон’ од Скопје кани граѓани и млади потенцијални воздухопловци утре (28 октомври) во 11 часот пред Школка во Градски Парк на третото издание на Скопскиот воздухопловен саем (Skopje Air Fair).
„Дојдете да ја откриете авијацијата, можеби токму таа е вашата професионална иднина“, повикува организаторот на воздухопловно-едукативниот саем, на кој учесници ќе бидат Воздухопловната академија од Белград, Европскиот институт за авијација од Романија, ТАЕ Воздухопловната академија од Грција, Воздухопловната федерација на Македонија, Хеликоптерска единица при МВР, Аероклубот Скопје, Аероклубот Штип, ТАВ Аеродроми и други.
Овој настан е под покровителство на Град Скопје и претставува шанса за младите да дознаат повеќе за најразличните професии во воздухопловството, велат од „Авикон“.
(Фото: СДК.МК)