ВТОРИОТ ФЕСТИВАЛ НА АЛТЕРНАТИВНА ФОТОГРАФИЈА ЗРНО СЕ ОТВОРА СО ИЗЛОЖБА НА 120 ДЕЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Околу 120 дела ќе бидат изложени во рамките на второто издание на фестивалот на алтернативна фотографија Зрно. Изложбата во мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје се отвора вечерва во 20 часот.

„Ова е единствена можност да се видат неверојатно храбри, експериментални и естетски издржани дела од најразлични фотографски техники, од едноставни цијанотипии до оригинални колодиумски стакла со огромен формат“, најавуваат организаторите.

На отворениот повик пристигнале фотографии од 30-ина земји од цел свет, кои потоа биле селектирани од осумчлено меѓународно жири.

Изложбата на 8 јули ќе се пресели во Офицерскиот дом во Битола. Во рамките на фестивалот ќе има и работилници во селото Цапари, како и заедничка изложба на Шпанецот Жозеф Марија Рибас Прус и Романецот Дамијан Дијаконеску во скопски КИЦ.