Зоран Заев поднесе оставка од функциите премиер и лидер на СДСМ, признавајќи пораз на локалните избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ ја поврати власта во повеќето општини.
- Заев ја презеде одговорноста за неуспехот на СДСМ и објави дека поднесува оставка неколку часа по завршувањето на вториот изборен круг.
- СДСМ го изгуби и Град Скопје, каде што Данела Арсовска го победи актуелниот градоначалник Петре Шилегов со разлика од над 28.000 гласови,
- Како независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска ќе биде прва жена на градоначалничката позиција во Скопје од осамостојувањето.
- ВМРО-ДПМНЕ победи во 42 општини, вклучувајќи ги и некои од најголемите, како Аеродром, Битола, Велес, Кисела Вода, Охрид, Прилеп и Штип.
- СДСМ ќе има 16 градоначалници, задржувајќи ја власта во Скопје само во Општина Центар.
- ДУИ славеше во 10 општини, но го загуби Тетово, каде што Биљал Касами од Беса ја победи Теута Арифи.
- Максим Димитриевски повторно е избран за градоначалник на Куманово, овојпат не како кандидат на СДСМ, туку како лидер на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Независен кандидат победи и во Дебрца – Зоран Ногачески.
- Движењето Беса и Алијанса за Албанците ќе имаат по двајца градоначалници, а ГРОМ, ЛДП/ДОМ и ДПА по еден.
- Локалните избори по само четири години целосно ја испревртеа политичката карта на Македонија, имајќи предвид дека СДСМ досега владееше во 57, а ВМРО-ДПМНЕ во само пет општини.