ЗАГРЕБ ПОСТАВИ СЕМАФОР ЗА ОНИЕ КОИ ПОМИНУВААТ УЛИЦА ЗАГЛЕДАНИ ВО МОБИЛЕН

Загреб, (Индекс)

Загреб го доби првиот семафор наменет за оние кои на пешачки премин се загледани во своите мобилни телефони.

Тој беше инсталиран на една раскрсница и целта на овој пилот-проект е да ги предупредува пешаците и велосипедистите на опасносните на кои што се изложуваат.

Семафорот е насочен надолу, па кога се вклучува црвено светло на пешачкиот премин, тоа се проектира кон тротоарот, а со тоа и на екранот на мобилниот телефон и може да се забележи и доколку неговиот корисник се движи со спуштена глава.

Според едно истражување, дури 50% пешаци и 30% велосипедисти користат мобилен телефон кога поминуваат улица, а 20% од нив не забележуваат дека се вклучило црвено светло.