ЗГРАПЧИ ГО ЖИВОТОТ ЗА… – ИЗБРАНА НАЈСМЕШНАТА ФОТОГРАФИЈА НА ЖИВОТНИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Разиграно лавче“ е победникот на годинашниот избор за најсмешна фотографија на животни, што веќе петта година го организираат Британците Пол Џојнсон-Хикс и Том Сулам под мотото „Заштита низ натпревар“.

Фотографијата насловена „Зграпчи го животот за…“ е дело на Сара Скинер и е направена во Боцвана.

Среќна сум што можам да кажам дека оваа лавица продолжува добро да напредува, бидејќи повторно ја имам видено во октомври. Сакам да ги охрабрам сите да придонесат за заштитата на видовите од дивиот свет бидејќи и идните генерации заслужуваат да уживаат во нив“, изјави Скинер.