Зоолошката градина во Виена им нуди нова атракција на посетителите: панда што црта.
Пандата Јанг Јанг, која роди близнаци пред две години, се истренирала да користи четка од бамбус и да црта мали слики.
Стотина од нив се продаваат онлајн за по 490 евра, а парите одат во фонд за издавање сликовница за пандите во австриските зоолошки градини, со цел да се сврти вниманието кон загрозени видови животни. Ако се соберат потребните 25.000 евра, планирано е таа да се објави околу Божиќ, на германски и англиски.
Апстрактните дела на Јанг Јанг, црни чкртаници на бела хартија, се споредуваат со првите обиди за цртање на мали деца.