Милиони луѓе се здебелуваат уште во првата година на ново работно место, покажува истражувањe.
Една петина од испитаниците, виновни за тоа што ги зголемиле килограмите ги сметаат колегите, а за секој десетти испитаник, крив е шефот. За поголем број пак, седењето 8 часа на работното место е причина за добиените килограми.
Истражувањето на Здружението на британските нутриционисти покажува дека многу е мал бројот на вработени кои можат да одолеат на бесплатните колачиња и слатки, донесени од нивните колеги. Секој шести испитаник одговорил дека може да држи диета само ако тоа го прават и дел од колегите.
Еве ги 10-те причини поради кои се дебелееме на работното место
- Седење на бирото речиси цело работно време
- Стресот од напорен ден на работа
- Здодевност
- Замор
- Не можеме да одолееме на колачите и слатките на колегите
- Немање време за вежбање
- Не можеме да вежбаме оти сме уморни
- Облачното и ладно време
- Нередовни оброци
- Секогаш купуваме храна, а не носиме подготвена од дома
.