Вечерва во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во 3 часот ќе се вратат еден час назад, што значи ќе спиеме еден час подолго.
Зимското време е реално или вистинско за разлика од летното време кое е административно или указно. Летното време претставува административно поместување на службеното време заради економска заштеда, политички, безбедносни, спортско-рекреативни, здравствени и други причини. Тоа значи дека поместувањето на времето не е послединца на некоја природна појава, туку е административен указ.
Зимското време како единствено се користело до Првата светска војна односно до 30 април 1916 година, кога Германија прво го вовела летното сметање на време заради заштеда на јаглен. Веднаш по неа овој концепт го прифатила Велика Британија, следната година Русија, а во 1918 година и САД.
5 СОВЕТИ КАКО ДА СЕ ПРИЛАГОДИТЕ НА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО
1.УЖИВАЈТЕ ВО ПОДОЛГО СПИЕЊЕ– Ова е единствениот ден во годината кога можете да легнете како и претходниот ден но да спиете еден час подолго.
2.СТАНЕТЕ 20 МИНУТИ ПОДОЦА– Ако сте чувствителни на промената на часовникот, тогаш подгответе го вашето тело на новото време. Три дена пред да стартува зимското време станете 20 минути подоцна. За бебињата и малите деца за да се навикнат на новото време препорачливо е да се помести барем за половина час попладневното спиење и оброците.
3.ПОДГОТВЕТА ЈА СОБАТА ЗА СПИЕЊЕ– За да имаме подобар сон осигурајте се вашата соба да е тивна, темна, удобна и ладна за спиеење.
4.ИСКЛУЧЕТЕ ГИ МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН- Бидејќи промената на времето може да го наруши вашиот биоритам, исклучете ги сите електронски уреди, кои можат да влијаат на сонот.
5.ОДЕТЕ НА ТРЧАЊЕ ИЛИ УТРИНСКА ПРОШЕТКА-Почнете го денот со утринска прошетка или трчање. Тоа ќе ви помогне за подобар сон и покрај промената на времето.