АДЕЛ ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ДРАМАТИЧНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ЗА 32. РОДЕНДЕН

Лондон, (Дејли мејл)

Британската пејачка Адел го прекина молкот на социјалните мрежи за да им се заблагодари на фановите за роденденските честитки, при што до израз дојде нејзината неверојатна физичка трансформација.

Адел завчера наполни 32 години и во својата прва објава на Инстаграм од декември изгледаше непрепознатливо.

„Ви благодарам за љубовта што ми ја пративте. Се надевам дека сите сте безбедно и здрави во ова лудо време“, напиша таа.

Адел успеала да ослабне 45 килограми благодарение на диета од 1.000 калории на ден, редовно вежбање и пилатес и нејзини блиски го пофалија нејзиниот дисциплиниран пристап кон здравиот живот во изминатите месеци.