Астрономите велат дека ја откриле најблиската црна дупка до Земјата. Таа е оддалечена 1.000 светлосни години и се наоѓа во системот наречен ХР 6819 во констелацијата Телескопиум.

Тоа можеби и не звучи така блиску, но во контекстот на целата вселена, е на самиот праг на нашата планета.

Системот низ телескоп изгледа како една светла ѕвезда, но со дополнителна анализа било утврдено дека во неговите рамки има уште едно тело: црна дупка со маса четири пати поголема од нашето сонце и најблиска до Земјата досега откриена.

Еден од фасцинантните аспекти на оваа приказна е што ХР 6819 може да се види со голо око, ако имате пристап кон јужното небо. Научниците почнале да го истражуваат системот пред неколку години, но сѐ до неодамна, тоа не било направено во целост. Со помош на 2,2-метарски телескоп во Чиле било откриено дека една од двете видливи ѕвезди кружи околу невидлив објект на секои 40 дена и заклучиле дека тоа е црна дупка.

„Досега се забележани 20-ина црни дупки во нашиот Млечен Пат, но се претпоставува дека ги има околу 100 милиони. Затоа мислиме дека можеби има и поблиски црни дупки од оваа“, вели германскиот астроном Дитрих Баде.