ЧУВАЊЕ КУЧE ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД СРЦЕВ И МОЗОЧЕН УДАР

Вашингтон, (ДПА)

Истражувањето на Американската асоцијација за срце покажа дека луѓето кои чуваат кучиња помалку страдаат од инфаркт и мозочен удар. Според него, сопствениците на кучиња имаат 33% помалку шанси да добијат срцев удар од оние кои не чуваат, односно 27% помал ризик од мозочен удар.

„Иако овие истражувања не можат да докажат дека чувањето куче директно влијае на здравјето, овие резултати секако укажуваат на тоа“, изјави Глен Левин од Асоцијацијата.

Професорката на Медицинскиот факултет во Торонто Керолајн Крамер вели дека сопствениците на кучиња почесто се движат и вежбаат, а со тоа имаат и понизок крвен притисок.

Шведската професорка Тове Фал вели дека „далеку од тоа дека кучињата треба да се препишуваат како лек“, туку треба да ги чуваат луѓе кои вистински сакаат животни.

„Познато е дека социјалната изолираност претставува висок ризик за прерана смрт, а сопствениците на кучиња имаат богати социјален живот и интеракција со луѓето“, рече Фал.