СИДНЕЈ НЕ ГО ОТКАЖУВА НОВОГОДИШНИОТ ОГНОМЕТ, И ПОКРАЈ ПРОТЕСТИТЕ И ПОЖАРИТЕ

Сиднеј, (АП)

Легендарниот новогодишен огномет во Сиднеј нема да биде откажан, иако Австралија продолжува да се бори со катастрофалните пожари.

Повеќе од 270.000 луѓе се потпишале на петиција со која се бара откажување на огнометот, за кој велат дека испраќа погрешна порака во времето кога голем дел од земјата гори. Сепак, противпожарните органи на Нов Јужен Велс му додоа посебна дозвола на Сиднеј, иако во целиот регион е воведена забрана за палење оган.

„Огнометите не би требало да се откажуваат за да се покаже отпорноста на Австралија“, изјави премиерот Скот Морисон.

Новогодишната прослава во Сиднеј е една од најславните на светот и се очекува да привлече милион туристи, додека локалната економија очекува приход од 91 милион долари. Минатата година, Сиднеј потрошил четири милиони долари за огнометот.

За тоа време, низ Нов Јужен Велс има речиси 100 жаришта, од кои 43 не се ставени под контрола. Температурата во Сиднеј утре би требала да се искачи до 33 Целзиусови степени.