Мерење калории со помош на апликација може да биде неверодостојно, па овој кујнски апарат е како измислен за оние кои внимаваат на линијата. Јапонскиот електронски гигант „Панасоник“ тукушто го претстави прототипот на својот мерач на калории, наречен „калориеко“.
Сѐ што треба да направите е да ја ставите чинијата со јадењето во овој уред со големина на микробранова печка и по десет секунди го добивате вкупниот број калории што наскоро ќе ги изедете.
Тој, исто така, може да пресмета колку протеини, масти и јагленхидрати има во вашето јадење.
„Панасоник“ не откри детали на кој начин работи машината, освен дека користи инфрацрвен скенер.