КОГА БИ ЗБОРУВАЛ ЗА НАЈДРАГИТЕ СЕЌАВАЊА ЗА МАКЕДОНИЈА, ТОА ЌЕ ЗАФАТИ ЕДНО ЦЕЛО ПОГЛАВЈЕ ВО КНИГА, ВЕЛИ ЛЕГЕНДАРНИОТ ГЛУМЕЦ ЖАРКО ЛАУШЕВИЌ

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

Црногорскиот актер и писател Жарко Лаушевиќ беше гостин на второто издание на Киненова во Скопје и на отворањето на филмскиот фестивал доби специјална награда за придонес во филмската уметност. Лаушевиќ, еден од најпопуларните екс-ју глумци, познат по филмовите како „Хасанагиница“, „Игмански марш“, „Лазар“, „Јагоди во грло“, „Доброволци“, „Убавината на порокот“, „Шмекер“ „Сив дом“, „Офицер со роза“, „Лето“, „Црн бомбардер“, „Кажи зошто ме остави“, говорејќи за соработката и претставите со македонските режисери „Театарски илузии“ (1990 ), „Хрватски Фауст“ (1982) и „Свети Сава“ (1990 ) , актерот вели со радост се сеќава на големото разбирање и бескрајното взамено почитување.

„Кога би зборувал за најдрагите сеќавања за Македонија, за Владимир Милчин и за Слободан Унковски, тоа, ќе зафати едно цело поглавје во книга“, вели разговорот Лаушевиќ.

Тој откри дека за Македонија го врзува и неговата втора сопруга Анита, а со новинарите сподели интересен податок, дека ноќта кога бил уапсен, во себе го имал сценариото за најнаградуваниот македонски филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.

Неговата богата кариера беше прекината во 1993 година, кога беше осуден за двојно убиство во Црна Гора, по трагедијата кога тој и неговиот брат беа нападнати од група насилници и Жарко, бранејќи се себе и брата си, пукал во двајца од толпата, а трет беше тешко ранет. Беше осуден на 15 години затвор, а кога тогашниот Сојузен суд ја укина пресудата, Лаушевиќ повторно беше изведен на суд во февруари, 1998 и осуден на 4 години затвор. Бидејќи уште пред да му биде изречена пресудата, одлежа четири и пол години, беше пуштен на слобода и замина за САД. Следеа нови обвинувања и казни, но во 2011 година беше помилуван од
Лаушевиќ последниве години напиша две книги , „Годината поминува, денот никогаш“ и „Втора книга: Дневникот на едно ропство“, а ја пишува и третата книга.

Го прашавме што му е полесно, да глуми или да пишува, па вели: „Глумата е колективен спорт, сликарството и пишувањето се нешто каде човек е сам исправен пред хартијата. Пред тој предизвик, чиј исход зависи од расположението. А овој колективен спорт, кој се вика театар или филм е нешто што не ве прашува колку сте инспирирани во тој момент, сега почнува, кадар, сцена и магијата почнува“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *