НЕУСПЕШНИ АКТЕРИ ШЕТААТ ПО ХОЛИВУДСКИОТ БУЛЕВАР КАКО СУПЕРХЕРОИ ДА ЗАРАБОТАТ НЕКОЈ ДОЛАР

Лос Анџелес, (Њујорк Пост)
Рашад Рус, 27-годишен глумец, чиј сон е неговото име да стане дел од Холивудска патека на славните, виси наопаку на семафор облечен како Спајдермен.

Гламурозниот Холивуд што го гледаме на телевизија со убавите ѕвезди е сосема спротивнa слика на групата суперхерои кои секој ден излегуваат на Холивудскиот булевар. Многу глумци се обидуваат да заработат со нивниот талент по улиците. Булеварот стана собиралиште на суперхерои од целиот свет, вклучувајќи ги Украина, Англија, Мексико, Германија и Нигерија.

Глумецот Пол Луис Харел го напушта неговиот стан со скап костум на Ајрон Мен.
„Јас сум успешен бидејќи мојот костум е најскапиот во овој блок“, вели тој.

Традиционалните улични изведувачи како Харел имаат голем проблем, бидејќи откако улиците станаа преполнети со луѓе во костуми, некои од нив со никаква сличност со филмските ликови, а други пак со агресивни барања пари од туристите, работата не е веќе толку профитабилна.

Толи Штапенко од Украина пешачи долж Холивудската патека на славните со костум на Супермен за да ги импресионира туристите. Од друга страна, Херисон се вози со метро со истиот костум.
„Секогаш се возам со метро. Обожувам да ги гледам луѓето радосни и насмеани“, вели Херисон.

Toj го напушта станот облечен во костумот, ја поздравува сопругата и започнува уште еден ден како Сурпермен. Херисон вели дека тие зависат од владата за плаќање на киријата, затоа што зарабутувачката како двојник на суперхерој не стигнува.

„Место на разновидност, на драма, место на излузија и на скршени соништа“, ја опишува ситуацијата 25-годишниот глумец кој го поминува булеварот облечен во костум на Спајдермен.

Иако едвај заработува нешто, Иниго вели дека сепак ова е една добра можност во обидот да се стане успешен глумец еден ден, а истовремено и го пополнува времето помеѓу аудициите.

39-годишмиот Родригес, кој претходно работел во ресторан во Гвадалахара, Мексико, ја смени кариерата откако гледаше филм со суперхерои. Тој и брат му ги инвестираа сите заштедени пари во костумот.
„И во најлошите денови, пак собираме доволно пари за да купиме вечера.“, вели тој.
Облечен како Бетмен, чекајќи пред муралот на легендарните холивудски звезди за да ја премине улицата, 48-годишниот Омар Будо, облечен како Бетмен, вели: „Мојот сон е да забавувам, јас сум глумец“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *