ДВОЈКИТЕ ТРЕБА ДА СПИЈАТ ОДДЕЛНО ЗА КВАЛИТЕТНА ВРСКА, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ

Њујорк, (АП)

Рчењето, топлото време и немирното спиење често доведуваат до тоа партнерите да спијат одвоено. Во игра се и други проблеми, како: болест, различни работни смени и партнери кои легнуваат и стануваат во различно време.

Повеќе од една третина од Американците изјавиле дека повремено или постојано спијат во друга соба, според минатогодишното истражување на Американската академија за медицина. Мажите се тие кои обично се преселуваат во дневната или во гостинската соба.

И, можеби изненадувачки, тоа најмногу го прават милениумците, отколку повозрасните луѓе.

Д-р Сема Косла, пулмолог и портпаролка на академијата, рече дека да се има квалитетен сон, кој обично е седум до осум часа за возрасните, е важно за здрави односи.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои постојано имаат слаб сон, имаат поголема веројатност да влезат во конфликт со нивните партнери, рече Хосла, која е директорка на Центарот за спиење во Северна Дакота.

„Навистина е важно луѓето да стават акцент на спиењето“, рече Хосла. „Имав пациенти кои биле во брак околу 60 години и тие се колнат дека одделните спални се причина за долгиот брак“, додава таа.

„Не се работи за тоа дека се избегнува интимноста, туку за тоа дека треба да се препознае дека треба да се има интимност, да се поминува време заедно, но и дека партнерите може да спијат одделно. Тоа е навистина значаен дел од комуникацијата. Двацата партнери треба да го разберат тоа и да се согласат“, вели д-р Косла.