ГРАД ВО РОМАНИЈА НУДИ БЕСПЛАТНИ АВТОБУСКИ КАРТИ ЗА СИТЕ ШТО ЌЕ НАПРАВАТ 20 „ЧУЧЊЕВИ“ ЗА ДВЕ МИНУТИ

Романија, (повеќе извори)

Првата паметна автобуска станица во Романија е пуштена во употреба во Клуж-Напока од страна на тимот на Спортскиот фестивал, со поддршка на градското собрание. Таканаречениот „здрав билет“ е достапен за локалните жители кои ќе го прифатат предизвикот да направат 20 „чучњеви“ за две минути.

Бесплатната карта важи за едно возење во јавната градска транспортна мрежа. Вообичаено, таков билет чини половина евро.

Софтверот на поставениот уред ги мери клекнувањета на учесникот и брои серија од 20 повторувања пред да издаде автобуска карта. Спортскиот фестивал ќе ги покрие трошоците за овие билети.