Сето она што им е вкусно на луѓето не значи дека смеат да го консумираат и домашните миленици. Некои намирници се токсични и во најлош случај можат да бидат и фатални за кучињата.
Грозјето содржи оксална киселина, која кај кучињата може да предизвика акутно откажување на бубрезите и да биде опасна по живот.
Тие не смеат да пијат кафе, зашто неговата состојка метилксантин има штетно влијание врз нивниот нервен систем. Симптомите се напади, тресење, вознемиреност, хипертермија, пролив и срцева аритмија. Какаото и чоколадото се проблематични поради горкиот алкалоид тобромин, кој е особено опасен за млади и мали кучиња.
Сиров грав содржи фитохемаглутинин, кој може да предизвика згрутчување на крвта. Ако е варен, оваа намирница е безопасна за кучињата.
Сулфурната киселина од кромидот ги уништува кучешките црвени крвни зрнца, додека авокадото го содржи хемискиот спој персин, кој може да предизвика пролив и повраќање.
Иако постои општо уверување дека кучињата јадат коски, тие уште како можат да бидат опасни по нив, особено од кокошка. Тие се остри и лесно се кршат, па можат да повредат усна празнина, грло и желудник.