И ЗЕЛЕНЧУКОТ МОЖЕ ДА БИДЕ БОГАТ СО ПРОТЕИНИ

Њујорк, (Хелт)

Попај е познат по покажувањето на своите масивни бицепси, а неговата тајна беше спанаќот.

Но, тој не е единствениот зеленчук богат со протеини.

Според нутриционистката Розен Раст, разни видови зеленчук можат да ни обезбедат два грама протеини по шолја. Тоа можеби не звучи многу во споредба со 31 грам колку што има во пилешки гради, на пример, но и овие помали количества придонесуваат за потребното дневно внесување протеини.

„Протеините од зеленчукот се непотполни и не ги содржат сите есенцијални аминокиселини. Затоа мора да се јадат разнобојни зеленчуци и житарки. Со други зборови, не јадете само брокула цел ден“, вели Раст.

Еве што друго препорачува таа:

  • Грашок е богат со витамин А и калиум и содржи четири грама протеини на половина шолја. Најдобро е да се вари на пареа.
  • Спанаќ содржи калиум, магнезиум, калциум и железо. За да се зачуваат витамините, најдобро е да се вари на пареа, со малку вода.
  • Компир (варен) со средна големина содржи три грама протеини, многу витамин Ц и калиум.
  • Постои добра причина зошто родителите ги наговараат децата да јадат брокула: освен што ги има сите есенцијални хранливи состојки, влакна и протеини, таа е важна и за здравјето на цревата.
  • И пченката е доста богата со протеини и слободно додадете ја на скарата следниот пат.
  • Шампињони содржат речиси исто количество протеини како јајце.
  • Комбинацијата на влакна и протеини го чинат лима гравот многу хранлив.