Скоро секој има еден од нив во кругот на пријатели или роднини: крадци на енергија. Тоа се луѓе, кои се жалат многу, често имаат негативен став и крадат многу од вашата енергија, оставајќи ве да се чувствувате исцрпено.
Првата работа што треба да ја направите е да ги идентификувате. Можете да поминете по листата во вашата глава и да се прашате: „Која ќе биде мојата прва реакција ако лицето икс или ипсилон ви се јави? Дали ќе негодувате да одговорите на телефонскиот повик? Дали ќе помислите: Ох, не, не тие повторно?
Овие реакции се знаци дека овие луѓе ви одземаат многу енергија, пишува психологот Фелиситас Хејн во мартовското издание на германскиот женски магазин „Чувство“.
Има повеќе начини да ги неутрализирате енергетските крадци. Можете едноставно да ги смените улогите и да се однесувате исто како нив. Тоа може да биде ефикасна лекција. Некои од крадците на енергија тогаш ќе разберат колку може да биде отровно нивното однесување.
Некогаш директна конфронтација помага. На пример: „Слушај, доста е. Не сакам да слушам за тоа веќе. Или ќе разговараме за нешто друго попријатно или ќе го исклучам телефонот“.
Друга стратегија да го неутрализирате крадецот на енергија е да му предложите да правите нешто друго заедно, кое не вклучува разговор, на пример да одите во кино.