МЕДИТЕРАНСКАТА ИСХРАНА Е НАЈПОПУЛАРНА ВО СВЕТОТ, СЕ ЈАДАТ МНОГУ ЗЕЛЕНЧУК И РИБА, А ДОЗВОЛЕНО Е И ВИНО

Сад, (Итинг вел)

Медитеранската исхрана е една од најпопуларните во светот и нутриционистите ја сметаат за најздрава. „Ју-Ес њуз“ ја избра за најпопуларна за 2024, освојувајќи ја оваа титула осма година по ред.

Оваа исхрана вклучува риба богата со омега-3, овошје, зеленчук, јаткасти плодови, семки и здрави масла. Сезонскиот зеленчук има централно место во медитеранската исхрана. Се препорачуваат кељ, блитва, цвекло, грав, леќа, рукола, брокула, краставица, модар патлиџан, печурки, ротквици, моркови, пиперки, бамја, тиквички, боранија и кромид. Замрзнатиот и конзервиран зеленчук е исто така дозволен. Лукот е главна состојка во многу рецепти.

Рибите и школките се клучни извори на протеини и здрави масти во медитеранската исхрана. Рибите богати со омега-3 како што се туна, сардина и лосос можат да се јадат свежи или конзервирани. Школки и ракчиња можат да се комбинираат со тестенини и житарки или едноставно се служат со лимон и маслиново масло. Во медитеранската исхрана се препорачува морска храна двапати неделно.

Во медитеранската исхрана се препорачува морска храна двапати неделно (Фото: Фрипик)

Зачини кои често се користат се коријандер, ким, оригано и цимет, а како додатоци наут и хумус. Маслинките често се ставаат во салати и тестенини, а доматите можат да се јадат свежи, во чорби или конзервирани.

Медитеранската исхрана поттикнува да уживате во мали количини млечни производи, заедно со многу овошје и зеленчук. Освен што обезбедува дополнителни протеини во оброците насочени кон растенијата, јогуртот е ферментиран и богат со пробиотици здрави за цревата. Дозволени се фета сирење и потврди кашкавали, кои најчесто одат како прилог во тестенините.

Црното вино е дозволено во медитеранската исхрана, но да се пие умерено, една чаша на ден.