МЕДОТ Е КОРИСНА НАМИРНИЦА ВО ЗИМА, ДАВА ЕНЕРГИЈА И ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ

САД, (Хелтлајн)

Медот е богат со хранливи материи и антиоксиданси, има антибактериски својства и уште неколку потенцијални здравствени придобивки, велат американските лекари.

Полн со антиоксиданси, медот помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Ова е особено корисно во студените зимски месеци кога повеќето од нас се подложни на настинки и грип. Медот е природен извор на шеќери, како гликоза и фруктоза, кои ја зголемуваат енергијата.

Студеното време често носи болно грло и кашлица. Медот има антимикробни својства кои помагаат во смирување и лекување на иритираното грло. Може да ги намали и воспалението и непријатноста во грлото.

Зимското време може да предизвика сува, ронлива кожа. Природните навлажнувачки својства на медот можат да додадат влажност на кожата, одржувајќи ја мека и еластична. Може да помогне и при акни.

Медот е одличен и за здравјето на срцето. Помага во намалувањето на крвниот притисок, го подобрува нивото на маснотии во крвта и спречува неправилни отчукувања на срцето. Дополнително, медот може да го подобри нивото на холестерол и триглицериди.

Една лажица или 20 грама мед има околу 60 калории, нула масти и 17 грама јаглехидрати.