Сигурно ви се случило да се вратите дома, планирајќи да зготвите некој рецепт со месо, но притоа сте заборaвиле да го извадите месото за да се одмрзне. Според експертите, постои само еден здрав начин за да се одмрзне месото, а тоа не е со микробранова печка.
Тие велат дека замрзната храна во основа треба да се одмрзне во фрижидер во период од неколку часа ако не сакате да внесете опасни количини на бактерии. Овој начин се препорачува токму бидејќи ладната температура го забавува процесот на раст на бактерии.
Друг препорачлив начин за топење на замрзнатата храна е да ја ставите во кеса под ладна вода. Додека единствениот идеален начин е планирање на соодветното време кое му е потребна на храната да се одмрзне во фрижидер, ладната вода ќе ѝ помогне на храната да се стопи без надворешниот дел на храната да стане премногу топол.