НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕТЕРУВА СО СОК ОД ПОРТОКАЛ АКО НЕ Е СВЕЖО ЦЕДЕН

САД, (Њујорк пост)

Сок од портокал за многумина е еден од омилените начини за здрав почеток на денот. Но, колку сокот од портокал е здрав, зависи од информациите и списокот состојки на пакувањето, вели американската нутриционистка Меги Михалчик.

„Сокот од портокал може да биде дел од здравата исхрана бидејќи е преполн со витамин Ц, калиум и други есенцијални хранливи материи. Сепак, некои видови сок од портокал можат да содржат додадени шеќери и помалку хранливи материи од свежо цедените или природните сокови“, предупредува Михалчик.

Таа додава дека е важно да бидеме свесни колку шеќер и други состојки има во пијалаците што ги пиеме.

„Сокот од портокал може да биде здрав додаток на добро балансирана исхрана, но сите сокови од портокал не се исти“, вели Михалчик, а нутриционистката Ерика Инграхам се согласува.

„Сокот од портокал е богат извор на витамин Ц, за кој е познато дека има корисен ефект врз имунолошкиот систем. Богат е и со калиум, кој е важен за здравјето на срцето и за функцијата на мускулите“.

Редовното пиење сок од портокал може позитивно да влијае на нашиот организам сѐ додека е без додаден шеќер,

(Фото: Фрипик)