НОВ ЗАКОН ИМ ОВОЗМОЖУВА НА БАБИТЕ И ДЕДОВЦИТЕ ВО ШВЕДСКА ДА ДОБИЈАТ НАДОМЕСТ ЗА ЧУВАЊЕ ВНУЦИ

Стокхолм, (АП)

Шведска овој месец воведе револуционерен закон кој им овозможува на бабите и дедовците да добијат надомест ако им помагаат на своите деца во чувањето на внуците. Мерката се однесува на период од најмногу три месеци во првата година од животот на бебето.

Ова доаѓа откако шведскиот парламент во декември изгласа закон за пренесување на родителското отсуство на бабата и дедото на детето. Пред точно 50 години Шведска стана првата држава во светот која воведе родителско отсуство и за татковците.

Според новиот закон, родителите можат да префрлат дел од нивниот додаток за родителско отсуство на бабите и дедовците на детето. Двојките можат да префрлат најмногу 45 дена на други, а самохран родител може да пренесе 90 дена.

Во Шведска, родителите имаат право на 480 дена, односно 16 месеци отсуство по раѓањето на детето. Компензацијата за првите 390 дена се пресметува според целосниот приход на родителот, додека за преостанатите 90 дена се исплатуваат фиксни 15 евра на ден. Постојат и други бенефиции за родителите, па така тие можат да работат намален број часови додека детето не наполни осум години.

(Фото: АП)