Џенифер Анистон го започнува секој ден со здрав пијалaк. Во интервју за „Пипл“, актерката (55) го опишa едноставниот пијалaк што го прави откако ќе се разбуди, а пред да почне да вежба.
„Пијам ‘АРМРА колострум’ наутро, со вода на собна температура и цел лимон исцеден во него“, кажа Анистон.
Вели дека во постудените месеци додава дополнителни состојки за да ја зачини напивката.
„Ставам лажичка ѓумбир, што е добро за варењето и имунолошкиот систем, а потоа и малку мед. Многу е вкусно кога се пие топло“.
Според Анистон, грижата за себеси е од најголема важност, како со внимавањето што се јаде и пие, така и со одржувањето на умот и телото во врвна форма.
„Сакам да споделувам какви било здравствени совети, совети за храна, совети за спиење. Всушност, сакам да ги слушам, но исто така сакам да споделувам информации што ги учам“, вели таа.
(Фото: З. Гросман)