ПРАКТИКУВАЊЕ СЕКС БАРЕМ ЕДНАШ НЕДЕЛНО ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД РАНА СМРТ

Вашингтон, (Сан)

Практикување секс барем еднаш неделно го преполовува ризикот од рана смрт, се вели во нова студија.

Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон утврдиле дека редовен секс ги намалува шансите да се умре од рак, срцев удар и други заболувања. Сексот е рамен на вежбање со умерен интензитет и има слични придобивки за здравјето, велат тие.

Научниците во своето истражување вклучиле 15.000 луѓе на просечна возраст од 39 години и го анализирале нивниот сексуален живот во период од 11 години. Околу 72% од нив имале секс најмалку еднаш месечно, а останатите барем еднаш неделно. Во текот на истражувањето починале 228 испитаници, од кои 62 од рак и 29 од кардиоваскуларни заболувања.

„Колку почест секс, толку е помал ризикот од рана смрт. Сексот ги ослободува хемикалиите кои прават да се чувствуваме добро, го подобрува менталното здравје и ги активира клетките природни убијци, кои го намалуваат ризикот од рак и вирусни заболувања и подобруваат други состојби, како астма“, се вели во студијата.