Спред ново истражување од британските научници, одредени видови на високо преработена храна може значително да го зголемат ризикот од дијабетес тип 2. Овие намирници содржат високо ниво на калории, шеќер, масти и сол. Научниците идентификуваа четири видови на храна кои се најзагрозени: солени грицки, производи од животинско потекло како преработено месо, готови оброци и пијалоци засладени со шеќер или вештачки засладувачи.
Истражувањата покажаа дека овие четири видови на храна се поврзани со поголем ризик од дијабетес.
Истражувачите следеле речиси 312.000 луѓе од осум европски земји во просек 11 години, а скоро 15.000 учесници развиле дијабетес тип 2.
Истражувачите препорачаа замена на високо преработената храна со помалку преработена или непреработена храна, како што се јајца, млеко и овошје, и некои преработени јадења како конзервирана риба, сирење и јаткасти плодови. Овие промени во исхраната можат да помогнат да се намали ризикот од дијабетес, иако не постои сигурен начин за целосно спречување на состојбата.
„Она што е добро за вашето срце е добро и за вашиот мозок. Важно е да знаете дека изборот на храна игра голема улога во спречувањето на дијабетес и други хронични болести, како што се дебелината и срцевите заболувања. Замената на високоризичната храна со необработена може да биде клучна до поздрав живот“, рече британскиот доктор и професор за дебелина, дијабетес и ендокринологија на Универзитетот во Лондон, д-р Рејчел Батерхам.
Фото: Шатерсток