Лимонот е исклучително корисен за нашето здравје, најмногу поради фактот што е богат со витамин Ц, но и неговите семки се одличен извор на корисни материи.
Семките од лимон можете да ги јадете така што прво ќе ги сомелете, а потоа ќе ги измешате со вода, ќе ја зовриете течноста и ќе ја испиете. Ако не ги сомелете пред јадење, нема да ви наштетат, но можно е да не се сварат.
Слично на лимоните, и во семките има многу витамин Ц, кој е еден од познатите антиоксиданси. Сто грама семки од лимон содржат околу 47 милиграми витамин Ц. Ова може да го намали ризикот од оксидативен стрес, а со тоа и од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други болести.
Научниците открија дека екстрактот од семки од лимон може да биде корисен во спречување компликации кај луѓето со дијабетес. Може да ја намали количината на шеќер во крвта, како и количината на гликолизиран хемоглобин.
Може да се направи квалитетно масло од семки од лимон, кое е одличен природен аналгетик. Маслото има многу позитивно влијание на деловите од мозокот поврзани со перцепцијата на болката, што обезбедува аналгетски ефект.
Екстрактот од семките може да биде корисен и за спречување разни инфекции, вклучително и габични.