Добрата нега на кожа вклучува многу повеќе од отстранување шминка секоја вечер. За тоа е потребно да се посвети време, особено да се следат советите што и самите дерматолози ги практикуваат.
Спијте на свилена постелнина
Иако истражувања на Универзитетот Мичиген покажаа дека позицијата на којашто спиеме нема големо влијание врз изгледот на лицето и создавањетo брчки, материјалот на перницата може да е причината за овие тенки линии кои постепено растат во приметливи брчки на лицето. Со свилена перница, лицето едноставно ќе се лизга и нема да се истутка.
Имајте оброк „виножито“
Исхраната заснована, главно, на бел леб не ѝ служи на негата на лицето. Затоа многу е важно вашата диета да биде со разни бои на свежи овошје и зеленчук. Тие имаат високо ниво на антиоксиданси, кои на лицето му даваат посебен и природен сјај. Истражувањата укажуваат на тоа дека пигменти наречени каротеноиди, кои се наоѓаат во моркови, спанаќ и друг зеленчук, како и во домати, се поврзани со овој здрав сјај.
Намалете ја количината на шеќер во исхраната
Неприродниот шеќер кој се додава во процесираната храна не треба да надмине 10 проценти од вкупниот број на калории кои се внесуваат дневно. Дерматолозите одамна укажуваат на негативните ефекти на шеќерот врз кожата. Молекулите на шеќерот го стврднуваат колагенот, протеинот што помага во здравото одржување на кожата.
Користете домати
Изреката „имаш образи црвени како домат“ веќе одамна е метафора за здраво и енергично тело, а постои и научна причина за тоа. Доброто здравје и доматите отсекогаш биле поврзани, бидејќи црвените овошја имаат многу хранливи состојки. Доматите ја осветлуваат кожата, ги намалуваат показателите на староста и дисколорацијата или избледување на кожата.
Бидете минималисти
Луѓето се обидуваат да најдат необични начини за нега на кожата, за да биде таа совршена и сјајна, но стандардното клише важи и во овој случај: помалку е повеќе. Што помалку состојки, толку подобро. Така што, треба да се избегнат производите со многу адитиви и ароми. Навечер се препорачува кожата да се исчисти со вода и со нежна и влажна крема.