ТРКАТА „ТРЧАЈ БЕ“ ВО БИТОЛА ГОДИНАВА СЕ ПОВРЗУВА СО ФЕСТИВАЛОТ„БРАЌА МАНАКИ“ ПОД МОТОТО „ФИЛМ МИ Е ДА ТРЧАМ“

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Популарната трка „Трчај бе“ во Битола годинава ќе се случи за време на одржувањето на 45. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“. Градот од 21 до 27 септември ќе биде место на средба на кинематографери од светот, а на 22 септември и на вљубениците во трчањето. Од таа причина, мотото на годинашната трка е „Филм ми е да трчам“.

Организаторите велат дека „Трчај бе“ овојпат ќе трча по својот заслужен црвен килим преку пет трки на 21, 10 и 5 километри, а полумаратонот е и национално првенство, кое го организираат домаќините со Атлетската федерација на Македонија.

Оваа година, „Трчај бе“ привлекува учесници од над 40 земји.

„Секое издание на ‘Трчај бе‘ носи посебна енергија. Со слоганот ‘Филм ми е да трчам‘ ја поврзуваме трката со фестивалот ‘Браќа Манаки’, што го прави настанот уникатен во својата форма. Не е само спортски предизвик, туку и културен симбол за градот. Возбудени сме што можеме да ги обединиме љубителите на трчањето и филмските ентузијасти на едно место”, истакна Никола Димитровски, иницијаторот и директор на трката.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

(Фото: Фејсбук)